HomeДЕНЕШНАРегионСтудентски протест во Тирана против лошите реформи

Студентски протест во Тирана против лошите реформи

Неколку стотици студенти излегоа на протест денеска во Тирана против образовните реформи кои резултираа со отфрлање на студенти, кои имаат највисок просек по завршување на средно школо, уште во првата фаза на упис на факултетите.
Студентите се жалат на променетите правила кога станува збор за упис на универзитетите по измените на Законот за високо образование оваа година – пренесува Мета.

Според новите правила, факултетите одделуваат 10 отсто од поените за изборните предмети кои средношколците ги одбрале во текот на годините. Секој факултет има своја листа на предмети која ја зема во обѕир при упис на нови студенти. Доколку студентот не ги одбрал тие предмети во училиште, ризикува да не може да се запише на факултет.

Листата на изборни предмети потребни за упис на секој факултет беше објавена во јуни, откако средношколците го завршија средното образование. На денешниот протест студентите истакнаа дека ова е причина илјадници одлични студенти да не можат да се запишат на факултет. Студентите денеска протестираа пред канцеларијата на премиерот, а утре е закажан нов протест пред албанскиот парламент.

Social Media Auto Publish Powered By : XYZScripts.com