HomeСТУДЕНТУМ„Студентски пленум“ најавува блокада на утрешните студентските избори

„Студентски пленум“ најавува блокада на утрешните студентските избори

Студентскиот пленум ги повика студентите на Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“, утре во 12 часот да излезат на платото на УКИМ и да се приклучат во блокадата на студентските избори.

– Потсетуваме дека блокадата не е кривично дело како што претходно пренесоа некои медиуми. Ние сите сме членови на Студентски парламент и како такви, обесправени сме прво во делот да кандидираме наш кандидат, потоа да имаме пристап до правните акти што ги регулираат изборите, пристап до Собранието и до состаноците на Студентскиот парламент. Овие избори се распишани од студенти на кои веќе две години им е истечен мандатот и со тоа го изгубија правото да распишуваат избори. Овие избори се спроведени во лето надвор од академската година, кога најголем број од студентите не се во Скопје и не можат да гласаат. На овие избори нема избор! Двајцата кандидати кои претендираат да станат студентски претставници својата кандидатура ја темелат на поддршката на 13 парламенти на матичните факултети кои немаат право да ја дадат истата бидејќи им е истечен мандатот, велат од пленумот.

Студентите порачаа дека имаат право да спречат избори кои се нелегални и нелегитимни.

Social Media Auto Publish Powered By : XYZScripts.com