HomeРЕФЛЕКТОРМузикаСтудентите на ФЛУ со изложба – „Видео уметност и уметност базирана на време“

Студентите на ФЛУ со изложба – „Видео уметност и уметност базирана на време“

 

Утре и наредниот ден, поточно на 5 и 6 април, во Галеријата ФЛУ во Педагошкиот факултет, ќе се одржи изложбата „Видео уметност и уметност базирана на време“. Истата ќе биде отворена за јавноста во вторник и среда, од 20:00 до 23:00 часот.

Димитри Балојани, Воскресија Андреевска, Александра Ацеска, Јасмина Трпевска, Наташа Неделкова, Игор Стаменковиќ, Христина Мазневска, Петар Миљковиќ, Игор Таневски, Рада Велеска, Горјан Стојчев, Владан Петрушевиќ и Надица Толевска се учесниците на изложбата.

Проектот „Видео уметност и уметност базирана на време“ се фокусира на практиките во современата уметност кои го вклучуваат времето како значаен елемент и/или се документирани (или продуцирани) со видео камера: видео уметност,, видео перформанс, акција и видео инсталација.

Проектот се реализираше во вид на интерактивна работилница од повеќе сесии во текот на 2015 година, со учество на студенти од Катедрата по сликарство, а под менторската палка на доц. Слободанка Стевческа.

Инаку, на изложбата ќе бидат презентирани дванаесет видео дела и инсталации, кои беа продуцирани од страна на студентите како резултат од знаењата и умешноста усвоени на сесиите и работилниците. Проектот е финансиски поддржан од Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје.

Social Media Auto Publish Powered By : XYZScripts.com