HomeДЕНЕШНАПолитикаСтудентите му порачаа на Иванов: не секој професор заслужува да биде професор

Студентите му порачаа на Иванов: не секој професор заслужува да биде професор

Ланецот на протести против одлуката на претседателот продолжува и денес. Како и претходните протести, така и овој започна во шест часот пред канцелариите на Специјалното јавно обвинителство. Денес на протестот се приклучија и студентите кои со транспаренти до Иванов и професорката Каракамишева порачаа: – „Не секој професор заслужува да биде професор“.

По случувањата со професорката Тања Каракамишева, на правниот факултет деновиве е мирно и без бојкот на наставата. Наместо на факултетот и прекин на часовите, студентите се одлучија своето незадоволство да го изразат на улица и да се приклучат на протестите.

Social Media Auto Publish Powered By : XYZScripts.com