HomeДЕНЕШНАЦрна хроникаСтрумичанец по кој се трагаше, пронајден мртов на ловиште

Струмичанец по кој се трагаше, пронајден мртов на ловиште

Жител на струмичкото село Требичино вчера бил пронајден мртов, речиси еден месец откако бил пријавен за исчезнат. Тим за пребарување од СВР Струмица и членови на ловни друштва „Фазан“ и „Беласица“, го пронашле телото на седумдесет и тригодишниот струмичанец во 7:45 часот на местото Требичински лозја.

Струмичанецот бил пријавен за исчезнат на 15 август. Увид на местото на настанот извршила екипа од СВР Струмица, Јавен обвинител и лекар од Јавна здравствена установа Струмица, при што е констатирано дека на телото на починатиот нема видливи траги на насилство. Телото на починатиот е предадено на семејството.

Social Media Auto Publish Powered By : XYZScripts.com