HomeДЕНЕШНАРепубликаСтружанецот кој го предвиде невремето во Скопје, повторно предупредува …

Стружанецот кој го предвиде невремето во Скопје, повторно предупредува …

Славчо Попоски е Стружанецот кој и стана познат на јавноста отакако го предвиде силното невреме кое официјално однесе 22 животи во скопскиот регион. Метеорологијата му е хоби, а вчера тој повторно предупреди на неговиот Фејсбук профил:

ПОЧИТУВАНИ: ВЕ ЗАМОЛУВАМ ДА ЈА СПОДЕЛИТЕ ОВАА МНОГУ ВАЖНА ИНФОРМАЦИЈА И ПРЕДУПРЕДУВАЊЕ ЗА ДА НЕ БИДЕ ПОСЛЕ НЕ СМЕ ЗНАЕЛЕ И НЕ ИЗНЕНАДИ! ВИ БЛАГОДАРАМ! ПРЕДУПРЕДУВАЊЕ: ПОРОЈНИ ВРНЕЖИ ОД ДОЖД, ГРМЕЖИ, ГОЛЕМ ПАД НА ТЕМПЕРАТУРИТЕ И ЛОКАЛНО НЕВРЕМЕ! ДОАЃА ГОЛЕМА ПРОМЕНА НА ВРЕМЕТО!

За време на овој викенд како и во понеделник во предпладневните часови ќе имаме претежно стабилно , суво и многу топло време. Сепак не се исклучува можноста за развој на нестабилност на некои места во текот на овој викенд.
Почнувајќи од понеделник попладне територијата на Македонија ќе подпадне под влијание на влажна и нестабилна воздушна маса од северозапад. Поради тоа на повеќе места ќе има развој на нестабилна облачност проследена со пороен дожд, грмежи и засилен ветер. Локално процесите ќе бидат ИНТЕНЗИВНИ и во форма на невреме проследено со интензивен пороен дожд , силен ветер , силни електрични празнења и град.

ПРЕДУПРЕДУВАЊЕ: Во случај на појава на силни електрични празнења ве предупредуваме на крајна предпазливост и да избегнувате предстој на отворен простор и под осамени дрвја.

Понеделник доцна попладне и навечер поради продор на студена воздушна маса од север ќе започне да дува ЗАСИЛЕН ветер од северен правец кој ќе предизвика ГОЛЕМ пад на температурите (за повеќе од 10 степени). Свежото време со повремени поројни врнежи од дожд и локални грмежи ќе се задржи во поголемиот дел од следната недела. Температурите кои се очекуваат ќе бидат далеку под просекот за овој дел од годината и истите ќе бидат пониски од вообичаените дури и за 10 степени. Очекувајте нова и обновена прогноза на неговиот профил.

Дел од Фејсбук заедницата скептично реагираше на прогнозата и ја оквалификува како „кревање паника“, сепак случајно или не, дечкото го предвиде минатото невреме кое однесе 22 животи.

Social Media Auto Publish Powered By : XYZScripts.com