HomeФЕР ПЛЕЈФудбалСтрашен Јуве- може ли овој тим конечно до титулата во Лигата на шампионите?!

Страшен Јуве- може ли овој тим конечно до титулата во Лигата на шампионите?!

Со пристигнувањето на Гонзало Игуаин, Јувентус создаде една од најмоќните екипи во Европа. Италијанскиот шампион вчера и официјално го комплетираше трансферот на Гонзало Игуаин од наполи за 90 милиони евра, што е трет највисок трансфер во историјата на фудбалот.

Игуаин оваа година ќе наполни 29 години, но и покрај тоа, во своите нозе сигурно има уште три до четири сезони врвен фудбал, а покрај ова, јувентус со неговото и со доаѓањето на Миралем Пјаниќ во клубот директно ги ослабе своите ривали Наполи и Рома во борбата за шампион во Италија.

Покрај овие двајца, пристигна и Дани Алвеш, еден од најдобрите десни бекови во историјата на фудбалот, дефанзивецот Мехди Бенатиа како и одличниот млад крилен напаѓач- Марко Пјаца. Иако се очекува Погба да замине, најверојатно во Јунајтед, се чини дека тоа нема да биде голем проблем за Јувентус, бидејќи негова замена може да биде Аксел Витсел од Зенит.

Масимилијано Алегри со овој состав може да прави разни комбинации и формации, од стандардните 3-5-2, преку оние кои исто така неретко сака да ги користи 4-3-1-2 (4-3-2-1), а со Пјаца во тимот достапна ќе му биде и комбинацијата 4-3-3.

1

2

Покрај тоа, кога некоја екипа за бори за титули во сите можни натпреварувања, јасно е дека мора да постојат и квалитетни ротации за играчите да бидат свежи и одморени во текот на целата сезона и најважниот дел, во април и мај сите да го дочекаат подготвени. Алегри сега го поседува тој квалитет на сите позиции Бенатија ќе биде рамноправен во ротација со дефанзивното трио Бонуци, Брзаљи, Киелини, а тука е и Ругани. Десно ги има Лихштајнер и Алвеш, а лево Евра и Алекс Сандро.

Во везниот ред, дури и да замине Погба, остануваат Маркизио Пјаниќ и најверојатно Витсел, а покрај нив тука се уште и Кедира, Ернанес Стураро. Напаѓачкиот потенцијал е сега и повеќе од застрашувачки со Дибала и Игуаин во прв план, Манџукиќ кој сигурно и понатаму ќе добива висока минутажа и важна улога, како и Пјаца како крилен напаѓач.

Во секој случај, Јувентус може да направи два силни тима што е повеќе од доволен предуслов во нападот за титули на сите три фронта.

3

Social Media Auto Publish Powered By : XYZScripts.com