HomeДЕНЕШНАСветСтрашен судир на возови во Белгија, најмалку тројца загинати

Страшен судир на возови во Белгија, најмалку тројца загинати

Најмалку три лица ги загубиле животите а уште 40 се повредени во судир меѓу патнички и товарен воз во белгиската покраина Лиеж доцна синоќа, пренесува Макфакс.

„Патнички воз се заби во товарен, причината за судирот се истражува“, потврди портпаролот на операторот на железничките линии „Infrabel“, Фредерик Сакр. Познато е дека патничката композиција се состоела од шест вагони, од кои првите два биле најтешко оштетени во судирот. На тој дел од линијата претходно имало удар од молња, што може да предизвикало некакво нарушување во сигнализацијата.

Според белгиските медиуми патничкиот воз при брзина од 90 километри на час се удрил во последните вагони од товарната композиција која се движела пред него на истиот железнички колосек.

Голем број на спасувачки екипи се ангажирани за да се интервенира во големата железничка несреќа, а властите предупредуваат дека бројот на жртви може да расте во текот на денот.

Извор: Макфакс

Social Media Auto Publish Powered By : XYZScripts.com