HomeДЕНЕШНАПолитикаСто и пет затворенички бараат помилување од претседателот Иванов

Сто и пет затворенички бараат помилување од претседателот Иванов

Молба за помилување до претседателот Ѓорѓе Иванов денес упатија 105 жени од затворот Идризово. Жените испратиле писмо до претседателот во кое бараат намалување на затворските казни. „Аболициравте луѓе од фотељи. На никого на светот не му посакуваме да ја поминува вашата голгота: професор сте на Правен факултет, најдобро знаете. Криминал е кирминал. Две имиња нема. Казната е казна. Вие сте татко на Државата. Бидете државник џентлмен. Начинот на вашите постапки нека биде ист“, стои во писмото на затвореничките. Жените исто така упатија и покана до Иванов да дојде и самиот тој да ги посети и да види во какви мизерни услови живеат тие.

Social Media Auto Publish Powered By : XYZScripts.com