HomeДЕНЕШНАПолитикаСтојанче Ангелов: Армијата не беше употребена во 2001, сега Иванов сака да ја користи против сопствениот народ

Стојанче Ангелов: Армијата не беше употребена во 2001, сега Иванов сака да ја користи против сопствениот народ

Достоинство ќе преземе иницијатива за во иднина Претседателите на Македонија да не можат да ги заплашуваат граѓаните кои не се согласуваат со политиките на власта, рече лидерот на партијата, Стојанче Ангелов.

„За жал, она за што се боревме во 2001 година и она што се случува денес во Република Македонија е огромна разлика. Го слушав вчерашниот говор на Иванов, го ислушав неколку пати. Вџашен сум од она што можев да го слушнам.
Тој во неговиот говор спомена дека се мислел дали да ја употреби армијата, истата онаа армија која што крвареше во 2001 година бранејќи ја државата. Истата онаа армија која во 2001 година ги бранеше македонските граѓани. Тој 15 години подоцна размислувал да ја употреби против неговите граѓани, против граѓаните на кои тој е претседател, против граѓаните на Република Македонија“.

Во 2001 година, на почетокот на воените дејствија, имавме проблем како да ја употребиме армијата. Во воена година, кога во Македонија имавме непрогласена воена состојба, ние размислувавме дали формално да ја употребиме војската во територијата на Република Македонија бидејќи Уставот тоа го забрануваше, рече Ангелов. За жал, рече тој, во текот на вчерашниот ден, денот кога започна нападот, ниту пак во текот на вчерашниот ден, кога имаме загинати бранители, никому од државниот врв не му текна да го одбележи овој многу важен ден за нас бранителите – истакна Ангелов.

Social Media Auto Publish Powered By : XYZScripts.com