HomeРЕФЛЕКТОРФилм„Стоунси“ на филмскиот фестивал во Торонто

„Стоунси“ на филмскиот фестивал во Торонто

Документарниот филм „Ролингстоунси Оле оле оле – Патување по Латинска Америка“ премиерно ќе биде прикажан на овогодинешниот Меѓународен филмски фестивал во Торонто. Фестивалот се одржува од 8 до 18 септември, а од римејкот на „Седум величенствени“, преку филмовите снимени по вистински приказни и документарецот на Џонатан Дем за концертот на Џастин Бибер, ќе биде прикажан и филмот на Пол Дагдејл, за последната турнеја на „Стоунси“ по Јужна Америка.

Турнејата на рок диносаурусите „Оле“ траеше со месеци, а својот врв го доживеа на 25 март во Хавана, каде музичарите прв пат настапија на бесплатен концерт пред 1.2 милиони Кубанци. Дагдејл го снимаше и самиот кубански спектаркл на „Стоунси“, кој под назив „Havana moon“ премиерно ќе може да се погледне на 23 септември. Поп Дагдејл режираше и документарни концертни филмови за групите „Coldplay“ и „One direction“, како и за популарната пејачка Адел.

Social Media Auto Publish Powered By : XYZScripts.com