HomeДЕНЕШНАРепубликаСтопанска банка АД – Скопје ќе изгради едукативен сообраќаен полигон

Стопанска банка АД – Скопје ќе изгради едукативен сообраќаен полигон

На минатогодишниот настан „Вози право, вози здраво“ Стопанска банка АД – Скопје се заложи за изградба на едукативен сообраќаен полигон за велосипеди, тротинети, ролерки, донација за Град Скопје.

Стопанска банка ја ангажираше градежната компанија Бортас доо Скопје, да го реализира проектот во Паркот Македонија, населба Козле согласно дозволата од Град Скопје. Во изградбата на овој полигон целта е да се користат еколошки материјалли и да биде поставена урбана опрема.

Секако, во градбата нема да се преселат ниту повредат дрвјата кои се наоѓаат во паркот, туку заедно со постојната ридеста градина ќе станат дел од овој рекреативен простор. Пристапот до полигонот ќе биде отворен за сите и ќе може да се користи неограничено и од училишта и градинки кои сакаат да им наметнат на своите ученици сообраќајна култура уште од мали нозе.

Social Media Auto Publish Powered By : XYZScripts.com