HomeДЕНЕШНАСветСтоиљковиќ потпиша декларација во Москва за воено неутрална територија на Балканот

Стоиљковиќ потпиша декларација во Москва за воено неутрална територија на Балканот

Руската владејачка партија „Единствена Русија“ (ЕР) потпиша вчера Декларација за соработка со претставници на политички партии од Македонија, Србија, Црна Гора, БиХ и Бугарија, со која потписниците се залагаат за формирање воено неутрална територија на Балканот.

Претседателот на Српската демократска партија во Македонија, Иван Стоиљковиќ се наоѓа во Москва, по покана на претседателот на Руската партија „Единствена Русија“ Дмитри Медведев. Стоилковиќ кој е претставник на Демократската
партија на Србите и претседател на собраниската Комисија за соработка со Русија, на аеродромот бил пречекан со македонското знаме и во изјава вели дека тоа е еден вид признание за неговото учество на Конгресот.

Декларацијата од руска страна ја потпишал Сергеј Железњак, висок претставник на ЕР, на маргините на 15. Конгрес на партијата во Москва.

Потписниците на декларацијата укажуваат дека во рамки на намалени меѓународни тензии, посебно значење за ЈИЕ претставува развој на иницијативата – „низа балкански политичари за формирање територија на суверени и неутрални држави, во кои би биле Македонија, Србија, Црна Гора, БиХ“, се наведува на сајтот на ЕР. „Тој проект има за цел да стане стратешки, регионална доктрина и во иднина да биде инкорпориран во општоевропски разгледувања за нова континентална архитектура на безбедноста“, наведува партијата.

Потписниците на декларацијата изразуваат неопходност од барање заеднички „вонблоковски решенија“. Во декларацијата се истакнува интерес за развојна соработка на балкански држави со земји од Евроазискиот економски сојуз, како и ширење соработка во трговско-економска, финансика, енергетска и други сфери.

Social Media Auto Publish Powered By : XYZScripts.com