HomeФЕР ПЛЕЈФудбалСтигна официјална потврда- Барселона и Сити договорија трансфер!

Стигна официјална потврда- Барселона и Сити договорија трансфер!

Веќе нема дилеми, се збогуваше со победа! Клаудио Браво синоќа беше на голот на Барселона кога „Каталонците“ го демолираа Бетис со високи 6:2. Тоа воедно беше и негов последен натпревар за овој клуб, бидејќи Барселона после завршувањето на средбата потврди дека договор е постигнат и дека искусниот Чилеанец ќе премине во редовите на Манчестер Сити.

„Ќе мораме да побараме негова замена“, изјави после натпреварот директорот Роберт Фернандез. И околу ова прашање работата е речиси завршена, пристигнува Јаспер Силесен од Ајакс, холандскиот репрезентативен голман кој синоќа не бранеше во шокантниот пораз на Ајакс.

Тој се очекува на почетокот на неделата да пристигне во Каталонија и да стави потпис на долгогодишен договор, а тогаш би требало и Браво да отпатува во Манчестер. Прв голман на Барселона ќе биде Тер Штеген, а што се однесува до Чилеанецот, тој во Сити ќе добие предност пред Џо Харт кој не е по „вкус“ Гвардиола и го загуби статусот на прв голман во англискиот тим.

Social Media Auto Publish Powered By : XYZScripts.com