HomeДЕНЕШНАСветСтејт Департментот бара конечна пресметка со Асад?

Стејт Департментот бара конечна пресметка со Асад?

Повеќе од 50 дипломати на американскиот Стејт Департмент потпишаа внатрешен меморандум во кој доста остро ја критикуваат актуелната политика на САД кон Сирија и повикуваат на итно започнување на воздушни напади врз Владата на сирискиот претседател Башар ал – Асад, како што се наведува поради неговото „постојано прекршување на прекинот на огнот.“

Меморандумот го потпишаа вкупно 51 американски дипломат од среден до висок ранг. Нивните имиња засега не се познати, а информацијата прв ја објави американскиот весник The Wall Street Journal. Во текстот се повикува на „насочени воени напади“ против сириската Влада поради скоро целосниот распад на примирјето коешто стапи на сила оваа година.

„Рационално е да се преземат чекори за да се сопрат крвопролевањето и патењето во Сирија, по петгодишната брутална војна. Тоа е евидентно и нема сомнеж. Статус кво во Сирија не може да има“, се вели во документот во кој увид имал Њујорк тајмс.

Волстрит џурнал пишува дека во документот се повикува на воздушни напади против силите на сириската власт, поради колапсот на примирјето кое беше договорено претходно годинава.

Social Media Auto Publish Powered By : XYZScripts.com