HomeДЕНЕШНАРепубликаСтечајците не стигнаа до Романовце, полицијата се заканувала со ќотек

Стечајците не стигнаа до Романовце, полицијата се заканувала со ќотек

Стечајците наместо на наплатната рампа Романовце, останаа да протестираат на автопатот Куманово – Скопје. Полицијата ги спречила да дојдат дотаму со закана дека ќе бидат тепани – пишува СДК.мк. Стотина стечајни работници од Куманово во 10 часот стигнаа до клучките на влезот и излезот на автопатот и не можеа да продолжат понатаму, поради силното полициско обезбедување.

„Од припадници на МВР ни беше кажано дека тие нема да нè пуштат да отидеме на автопатот. Ни рекоа да застанеме тука, да не се туркаме и да не им се спротивставуваме за да не дојде до некоја беља, да не нè тепаат. Останавме овде и поради полицајците кои денеска се пред нас, бидејќи тие секогаш се толерантни кон нас. Не сакаме да им правиме проблеми на нив, а и на нас, да не ги тепаат овие наши болни и испатени луѓе. Инаку нема на ова да остане, веќе наредната недела ќе организираме протестен марш Куманово – Скопје и тогаш не можат да нè сопрат“, изјави Лилјана Георгиевска, претседателка на здружението на стечајни работници УНИТ.

Вчера, стечајката, Лилјана Георгиевска и координаторот, Али Османи биле повикани во полициската станица во Куманово. Таму биле опоменати дека ако излезат да протестираат на автопатот го кршат законот и за тоа ќе одговараат. Освен тоа им дале да потпишат и некој документ дека се опоменати, но не им дале примерок од него.

Social Media Auto Publish Powered By : XYZScripts.com