HomeДЕНЕШНАСкопјеСтефан Василевски и Давор Поповски кандидати за избор на нов претседател на Студентскиот парламент на УКИМ

Стефан Василевски и Давор Поповски кандидати за избор на нов претседател на Студентскиот парламент на УКИМ

Студентот на Медицинскиот факултет, Стефан Василевски и студентот на ФИНКИ, Давор Поповски се новите двајца кандидати за претседателското место на Студентскиот парламент на Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“. Од СПУКМ информираат дека Василевски бил поддржан од шест матични студентски парламенти на УКИМ, додека Поповски од седум матични студентски парламенти.

Од здружената иницијатива на студенти минатата седмица реагираа на распишувањето избори за претседател на СПУКМ, во летниот период кога само мал број студенти се наоѓаат на факултетите. Тие обвинија дека Студентскиот парламент на УКИМ се обидува да ги фалсификува студентските избори со цел да се стекне со легитимитет за да може да избере нов ректор.

Изборната кампања ќе трае до 28-ми јуни, а изборите ќе започнат на 30-ти јуни.

Social Media Auto Publish Powered By : XYZScripts.com