HomeДЕНЕШНАСветСтатуи од гол Доналд Трамп ширум САД! (ФОТО)

Статуи од гол Доналд Трамп ширум САД! (ФОТО)

Социјалните мрежи на американците се преплавени од фотографии и селфиња со статуии од гол Доналд Трамп, кои го прикажуваат републиканскиот кандидат за претседател апсолутно реалистично и во реални мерки. Статуите во реална величина од потполно гол Доналд Трамп се појавија ширум САД и тоа во градовите: Њујорк, Лос Анџелес, Сиетел, Сан Франциско и Кливленд. Статуите се проект на активистичката група „INDECLINE“, кои ги изработил вајар од Кливленд.

„Преку овие статуи го прикажуваме физичкиот и метафоричкиот приказ на грозната душа на еден од најлошите политичари во САД“, стои во соопштението на активистите. Иако проектот наидел на воодушевување кај граѓаните, сепак вработените лица во парковите морале да ги тргнат неовластено ставените статуи.

gol tramp 2

„Њујорк Сити парковите се против и цврсто стојат против подигање на било што нелегално во овие паркови“, изјави портпаролот на таа градска служба Сем Бидер. Изборниот штаб на Доналд Трамп одби да ја коментира „оваа изложба“.

920x920

Social Media Auto Publish Powered By : XYZScripts.com