HomeРЕФЛЕКТОРСтартува 37-то издание на „Скопско лето“

Стартува 37-то издание на „Скопско лето“

Со изложбата на скулптури „Обичен човек“ на Жарко Башески во галеријата Чифте амам, надополнето со гала оперски концерт на платото пред МОБ, денеска стартува 37-та манифестација „Скопско лето 2016“, во организација на Дирекцијата за култура и уметност на Град Скопје.

Предвидени се 50 програмски термини до крајот на јули, каде најмногу ќе бидат застапени музичките точки со над 20 концерти на класична, народна и џез-музика. Ќе има десетина претстави и атрактивни изложби во ликовната програма, од кои поголем број се организираат во соработка со Друштвото на ликовна уметност на Македонија. Дел од „Скопско лето“ и годинава ќе биде програмата Кафе-кино, која ќе се одржува од 2-ри до 11-ти јули во Сули ан, а ќе има и ревија на најдобри филмови од фестивалот на анимиран филм „Анимакс“.

Social Media Auto Publish Powered By : XYZScripts.com