HomeДЕНЕШНАЦрна хроникаСтарецот пола кило кокаин требало да го прошверцува во Виена

Старецот пола кило кокаин требало да го прошверцува во Виена

73 годишниот М.А. од Гостивар за паричен надомест од 700 евра требало да пренесе нешто повеќе од половина кило кокаин во Виена. Дрогата ја презел од Албанија и сметал дека поради возраста нема да биде сомнителен за полицијата.

Се качил во автобус за Виена, но цариниците извршиле детален преглед на багажот на граничниот премин Табановце. Во неговата црна торба со двојно дно е пронајдена дрогата која по вештачењето е утврдено дека е кокаин.

Полицијата против Алихсан М. поднела кривична пријава за недозволено пуштање во промет наркотични дроги и психотропни супстанции, а и стражен судија на уапсениот му одреди притвор од 30 дена.

Social Media Auto Publish Powered By : XYZScripts.com