HomeФЕР ПЛЕЈФудбалСтадионот „Чаир“ пред суспензија – дали Шкупи ќе игра пред празни трибини?

Стадионот „Чаир“ пред суспензија – дали Шкупи ќе игра пред празни трибини?

Шкупи би можел да остане без навивачи поради немилите сцени кои се случија за време на неделниот првенствен меч меѓу Шкупи и Вардар во кој дел од фудбалерите на Вардар беа нападнати од страна на неуниформирани лица на патот кон соблекувалната.

На трибините на стадионот „Чаир“ вчера присуствуваа многу службени лица од ФФМ меѓу кои и комесарот за натпревари Васко Дојчиновски. Делегатот Тони Шалев по натпреварот видел што се случува, и како што дознава Спорт.ком.мк теренот на „Чаир“ ќе биде суспендиран, односно или Шкупи ќе игра пред празни трибини или на неутрален терен. Останува да се дознае во следните неколку денови, но голема е веројатноста Шкупи да игра без гледачи на следните мечеви. Исто така во текот на натпреварот имаше фрлање на предмети, пиротехника со што многу веројатна варијанта е овој стадион да добие суспензија.

Social Media Auto Publish Powered By : XYZScripts.com