HomeДЕНЕШНАПолитикаСрѓан Керим со голема амбиција за ОН, но и голема конкуренција

Срѓан Керим со голема амбиција за ОН, но и голема конкуренција

Срѓан Керим имаше можност да ја претстави својата програма која би ја спроведувал како генерален секретар на Организација на Обединети нации со тоа што наследникот на Бан ки Мун би дошол од регионот на Источна Европа, но во трката ќе мора да надмине дури 8 противкандидати за да ја добие номинацијата.

„Мојата агенда произлегува од приоритетите на оваа организација и на земјите членки. Тоа се реформа на менаџментот како врвен приоритет, одржлив развој, климатски промени и финансирање на развојот, архитектура на безбедноста, човекови права и партиципација на граѓаните, родова еднаквост, миграција и најважно, како ќе се остварат овие цели. Тоа значи дека ни потребни соодветни алатки да го оствариме и тие алатки се посредување, промоција на мултилатерализам и партнерство“, образложи д-р Керим.

Ова се неговите главни приоритети и посочи дека има историска шанса за валидација на придонесот на земјите од Источна Европа кои се дел од ООН уште при нејзиното формирање.

Social Media Auto Publish Powered By : XYZScripts.com