HomeДЕНЕШНАРегионСрпскиот тајкун Мишковиќ осуден на пет години затвор и парична казна

Српскиот тајкун Мишковиќ осуден на пет години затвор и парична казна

Сопственикот на „Делта Холдинг“ Мирослав Мишковиќ е осуден на пет години затворска казна и парична казна од осум милиони динари за помагање во затајување на данок. Со истата одлука Мишковиќ од судот беше ослободен од обвиненијата дека оштетил одредени транспортни компании, односно дека извлекувал пари од нив.

Тој е прогласен за виновен дека му помагал на својот син Мирко во затајување на данок од околу 320,3 милиони динари, односно околу три милиони евра. На оваа одлука и Мишковиќ и обвинителството за организиран криминал имаат право да поднесат жалба до Апелациониот суд во Белград, што и е за очекување.

Мишковиќ и неговиот син биле уапсени во декември 2012 година. Откако неколку месеци ги поминале во притвор тие биле пуштени да се бранат од слобода, а пасошите и понатаму им се во судски депозит, со што не смеат да ја напуштат државата без да добијат судско одобрение за тоа.

Social Media Auto Publish Powered By : XYZScripts.com