HomeДЕНЕШНАРегионСрпскиот патријарх забрани хотели, владиците бесни – ќе мора да спијат во манастир

Српскиот патријарх забрани хотели, владиците бесни – ќе мора да спијат во манастир

Саборот на Српската православна црква ја одржува редовната годишна средба со свештенството од секаде во светот. Владиците на СПЦ се лути бидејќи годинава за време на траењето на Саборот мораат да престојуваат во соби во Патријаршискиот двор во Белград, додека минатите години уживаа во скапите хотели на српската престолнина, пишува белградски „Курир“.

Имено, на Светиот архиерејски Сабор на СПЦ секој година доаѓа свештенството од сите краишта на светот, а досега воспоставената практика беше да отседнуваат по луксузни хотели во Белград. Но, годинава тоа им е строго забрането што предизвика лавина од незадоволство кај свештенството.

„Црковните великодостојници веќе долго време се на удар на јавноста поради непочитувањето на заветот за сиромаштво, како и поради раскалашениот живот. Поради тоа на владиците годинава им е строго забрането да спијат по хотели, па на сите им е дадена соба во Патријаршискиот двор. Но, некои се лути оти условите во Патријаршијата за нив се прескромни“ – вели за весникот извор од СПЦ.

Според изворот, во СПЦ не се надевале дека ќе има толкави реакции на оваа одлука.
„Некои дури сакаа и да си одат, како што се случи и пред неколку години, но на крајот сфатија дека е подобро да останат. Има владици кои со години за време на Саборот престојуваат во своите соби. На пример, митрополитот загребско-љубљански Порфириј е единствен кој спие во манастирот Ковиљ и не му е тешко секој ден да вози до Белград“, објаснува изворот.

Владиката средноевропски Сергиј кој деновиве се најде на удар на патријархот Иринеј поради затајување данок, но и на медиумите поради луксузниот автомобил со табличка со неговите иницијали и годината на раѓање, повторно се однесува несвојсвено за свештено лице. Тој им се заканил на новинарите кои го фотографирале со автомобилот викајќи по нив: „Вие сте Турци! Вие сте дел од нечистата седма сила!’

Главна тема на годинешниот Сабор се финансиите, а меѓу другото и исчезнатото злато од црква „Ружица“ и капелата „Света Петка“ во Белград.

Social Media Auto Publish Powered By : XYZScripts.com