HomeДЕНЕШНАРепубликаСредствата од мечот Македонија – Албанија ќе се донираат

Средствата од мечот Македонија – Албанија ќе се донираат

Фудбалската федерација на Македонија по иницијатива на селекторот Ангеловски и фудбалерите Пандев и Шиков донесе одлука сите средства од квалификацискиот натпревар со Албанија да бидат донирани за граѓаните кои беа погодени од силното невреме.

– Во мое лично име и во име на сите членови на фудбалската репрезентација на Македонија би сакал да изразам длабоко сочувство до семејствата на настраданите и сите погодени во поплавата. Со овој мал гест сакаме да им дадеме поддршка на сите оние кои беа директно погодени од оваа природна катастрофа, со надеж дека нешто вакво никогаш повеќе нема да се повтори, изјави селекторот Игор Ангеловски.

Фудбалерите од репрезентацијата исто така ќе се вклучат во акциите за донации, а ФФМ ќе испрати средства за лична хигиена, дезинфекција и конзервирана храна за лицата најпогодени од природната катастрофа. Претседателот Ѓорѓиоски посочи дека ФФМ стои на располагање со целата своја логистика.

Social Media Auto Publish Powered By : XYZScripts.com