HomeДЕНЕШНАРегионСрбија ќе ги подигне првите обвиненија за воени злосторства против ОВК

Србија ќе ги подигне првите обвиненија за воени злосторства против ОВК

Србија преку Специјален суд ќе ја земе правдата во свои раце и до крајот на годината ќе бидат подигнати првите обвиненија за воени злосторства и дела против човештвото за припадници на Ослободителната војска на Косово (ОВК), пренесува белградскиот весник „Политика“.

Според неофицијални информации од Фондот за хуманитарно право, досега се подготвени обвиненија против осум лица. Главниот обвинител на Специјалниот суд за истражување на воени злосторства врз Срби извршени на Косово во периодот 1998 и 1999 година, Дејвид Швендиман најверојатно до крајот на годинава ќе ги подигне првите обвиненија против припадници на ОВК, осомничени за трговија со човечки органи. Тој најави продолжување на спроведувањето истрага и дека наскоро ќе го посети регионот, наведува весникот.

Според неофицијалните сознанија на Немања Стјепановиќ од Фондот за хуманитарно право, досега се подготвени обвиненија против осум лица. Тој истакна дека информациите за обвиненијата не се соопштуваат во јавност од безбедносни причини, а најголем предизвик за обвинителите на Специјалниот суд ќе биде заштитата на сведоците, на кои треба да им се гарантира целосна безбедност.

Најстрогата казна која Специјалниот суд може да му ја изрече на осудено лице е доживотен затвор.

Social Media Auto Publish Powered By : XYZScripts.com