HomeДЕНЕШНАРегионСрбија со протестна нота, Хрватска уапси двајца за палењето на српското знаме

Србија со протестна нота, Хрватска уапси двајца за палењето на српското знаме

Две осомничени лица се приведени за палење на српското знаме во Книн на прославата на 21-годишнината од операцијата „Олуја“, пренесува Н1. Полицијата соопштила дека се работи за лица кои биле во алкохолизирана состојба. Во попладневните часови на интернет беше објавена снимка на која се гледа како неколку момчиња и девојки, пеејќи националистички песни, го палат знамето на Србија.

Српското Министерство за надворешни работи испрати протестна нота до амбасадата на Хрватска во Белград поради палењето на српското државно знаме.

Social Media Auto Publish Powered By : XYZScripts.com