HomeДЕНЕШНАРегионСрбија: Регистрирани 17 случаи на заболени од вирусот на западнонилска треска

Србија: Регистрирани 17 случаи на заболени од вирусот на западнонилска треска

Бројот на заболени лица од вирусот на западнонилска треска во Србија е зголемен на 17 случаи, од кои два имале смртни последици, изјави денеска директорот на српскиот Институт за јавно здравје, Драган Илиќ.

– Ситуацијата е слична на онаа од 2014 година, кога имавме ист број на заболени, истакна Илиќ.

Тој нагласи дека симптомите се слични на грипот и се многу опасни за повозрасните луѓе и оние со слаб имунитет.

Што се однесува до вирусот зика, Илиќ истакна дека меѓу српските спортисти кои учествуваа на Олимпијадата во Рио не е регистриран ниту еден случај, но побара од нив да извршат испитувања во Институтот, со цел да се провери дали постои некаква инфекција. Досега 17 спортисти извршиле тестирања и нема ниту еден позитивен случај.

Во врска со мигрантската криза, тој додаде дека нема сериозни проблеми, но досега се регистрирани 10 случаи на маларија меѓу мигрантите.

– Засега е се под контрола, правиме се за да не се појави некоја сериозна епидемија, изјави директорот на српскиот Институт за јавно здравје.

МИА

Social Media Auto Publish Powered By : XYZScripts.com