HomeДЕНЕШНАРегионСрбија испраќа армија и полиција на границата со Македонија и Бугарија

Србија испраќа армија и полиција на границата со Македонија и Бугарија

Српската Влада одлучи да испрати дополнителни војници и полициски единици по границите за да се заштити од приливот на илегални мигранти.

-Задачата на воените и полициските сили ќе биде да го спречи нелегалното влегување на мигранти од Република Бугарија и Република Македонија. Во исто време тие ќе имаат за задача да им ги предадат на правосудните органи шверцерите на луѓе кои ја вршат оваа нелегална активност на територијата на Србија – се вели во краткото соопштение кое беше објавено ноќеска од прес ­службата на српската влада.

Во моментот на српско-унгарската граница има околу 2.000 мигранти. На 5 јули властите во Будимпешта воведоа нови, построги мерки за заштита на државната граница. Само за неколку дена од Унгарија во Србија беа вратени околу 700 илегални мигранти.

Според властите во Белград најмногу мигранти во Србија доаѓаат од Бугарија. Српскиот министер за труд и социјална политика, Александар Вулин за време на посетата во градот Ниш отворено ја обвини Бугарија дека не си ја чува својата граница.

-Во случајот имаме земја­ членка на ЕУ – Бугарија, која држи целосно отворени граници и нема никаква контрола над движењето на мигрантите. Во исто време Австрија и Унгарија целосно ги затворија своите граници. Србија нема да стои со скрстени раце помеѓу нив и да чека – рече Александар Вулин.

Social Media Auto Publish Powered By : XYZScripts.com