HomeФЕР ПЛЕЈКошаркаСрбија ги изнамачи НБА ѕвездите во Рио

Србија ги изнамачи НБА ѕвездите во Рио

Србија со шутот за три во последната секунда на Богдановиќ имаше можност да им ја смрзне крвта на американските кошаркари и ѕвезди од најмоќната НБА лига  за да се избори за продолженија но, среќата не ги посака. САД забележа нова иако многу тесна победа со само три разлика иако на стартот имаше значителна двоцифрена предност која српските кошаркари постепено ја топеа кон крајот на полувремето.

Потоа се разиграа во нападот со презицни удари за три поени и ефикасни влезови на Богдановиќ, додека пак одбраната одлично реагираше на сите напади на американците кои губеа трпение и изгубија повеќе дуели. Јокиќ се истакна со 25 поена, додека пак во дрим тимот Ирвинг со 15 поени ја предводи листата на стрелците.

САД веќе си го осигура првото место во групата, додека пак Србија ќе мора да се помачи во последното коло доколку сака напредок во четврт-финалето.

Social Media Auto Publish Powered By : XYZScripts.com