HomeДЕНЕШНАРегионСрбија веќе не е балкански центар за дрога, Бугарија и Романија го „украдоа“ пазарот

Србија веќе не е балкански центар за дрога, Бугарија и Романија го „украдоа“ пазарот

Традицоналниот „балкански пат на дрогата“ кој минува низ Србија, во последниве неколку години се помести на исток, во Бугарија и Романија, проценува српската владина Агенција за борба против наркотици.

Како што јави Танјуг, според директорот на Агенцијата, Милан Пекиќ, ваквото поместување на рутата се должи на фактот што шверецерите на дрога, пред се на херион, кои доаѓаат од Авганистан и Турција, повеќе претпочитаат веднаш да влезат во ЕУ, преку териториите на Бугарија или Романија, отколку да се движат преку другите балкански земји.

Пекиќ посочува дека во последниве години се позачестена е тенденцијата, дрогата да се шверецува преку Црното Море, наместо по копнен пат,

– Доказ за тоа се се почестите случаи на запленување на кокаин и хероин во пристаништата на Црното Море, а особено во романското пристанште Констанца, нагласува Пекиќ.

Social Media Auto Publish Powered By : XYZScripts.com