HomeДЕНЕШНАСветСпречен масакр: Уапсен член на ИД кој планирал напад на отворањето на Бундеслигата

Спречен масакр: Уапсен член на ИД кој планирал напад на отворањето на Бундеслигата

Висок претставник на „Исламска држава“ е уапсен во градот Мутершат во западна Германија под сомнение дека ќе изврши терористички напад. Се работи за сириски бегалец на возраст од 24 години. Портпаролот на Министерството за внатрешни работи во покраината Ринеланд-Палатинат потврди за германскиот весник „Билд“ дека е извршено апсење.

„Билд“ пишува дека германските власти добиле дојава од уапсен кој се наоѓал во затвор во покраината Северна Рајна-Вестфалија, на северот на Германија. Весникот наведува дека осомничениот е уапсен за време на рутинска полициска контрола. Осомничениот бил безбедносна закана за натпреварот со кој ќе биде отворена новата сезона на германската фудбалска лига.

„Постојат индиции дека подготвувал нешто поврзано со почетокот на сезоната на Бундеслигата“ – вели портпаролот на министерството за внатрешни работи.

Новата сезона на германската Будеслига почнува на 26 месецов со натпреварот меѓу Баерн од Минхен и гостинот Вердер од Бремен.

Social Media Auto Publish Powered By : XYZScripts.com