HomeДЕНЕШНАЕкономијаСпој на Монсанто и Бајер – Најголема закана за земјоделието и цената на храната

Спој на Монсанто и Бајер – Најголема закана за земјоделието и цената на храната

Германската фармацевтска компанија Бајер планира да вложи 56 милијарди долари за да го преземе Монсанто и да го спои со својот бизнис со што постои закана да се создаде земјоделски гигант со огромно влијание на пазарот, а со тоа и на цената на храната. Последната понуда на Бајер е 127.5 долари по акација за Монсанто и доколку биде прифатена може да се промени сопствеништвото, но за тоа ќе треба да дадат дозвола и антимонополските комисии.

Со спојувањето на Бајер и Монсанто би се создал најголемиот земјоделски снабдувач на светот, кој би бил лидер и на американскиот, и на европскиот, а и на азискиот пазар. Монсанто пред сѐ е познат по генерички модифицираното семе за посев како пченка, соја, пченица и шеќерна трска. Таквото семе го критикуваат еколошките активисти бидејќи ја уништува почвата и ги принудува земјоделците да купуваат пестициди од Монсанто со големи економски проблеми.

Поголема понуда од Бајер дојде поради бранот здружувања во земјоделскиот сектор. Ривалите како компаниите Dow Chemical, DuPont и Syngenta најавија здружувања, но тоа сѐ уште не е одобрено од регулаторните тела.

Social Media Auto Publish Powered By : XYZScripts.com