HomeФЕР ПЛЕЈФудбалСпоред колегите Раниери најдобар тренер во Англија

Според колегите Раниери најдобар тренер во Англија

Тренерот на Лестер Клаудио Раниери е прогласен за најдобар тренер во Премиер лигата според изборот на неговите колеги. Признанието кое го доби Италијанецот е логичен избор, бидејќи го предводеше Лестер до првата титула шампион на Англија во клупската историја.

Раниери на овој начин доби спои две награди за најдобар тренер, бидејќи нешто порано го доби ова признание и во изборот на ФА. Фудбалерите на Лестер импресивно ја освоија титулата, забележувајќи само три порази и го завршија шампионатот со дури 10 поени повеќе во однос на второпласираниот Аренал.

Social Media Auto Publish Powered By : XYZScripts.com