HomeРЕФЛЕКТОРФилмСпилберг: Сакав да го режирам Бонд, но ме одбија

Спилберг: Сакав да го режирам Бонд, но ме одбија

Гај Хамилтон, Мартин Кембел, Сем Мендес се режисерите кои до сега режирале барем еден филм за популарниот агент Џејмс Бонд. Сега е објавено дека уште еден режисер сакал да биде еден од нив, но продуцентите го одбиле не еднаш, туку два пати! Неговото име е Стивен Спилберг.

Познатиот режисер после успехот со филмот ајкула од 1975 година се понадавеал дека Алберт Броколи ќе го земе во предвид за следен режисер за филмот за Бонд, но тоа не се случило. „Го повикав Броколи и му ги понудив моите услуги, но тој не сметаше дека сум вистинската личност за таа работа“, изјави Спилберг.

Тоа не го спречило, откако снимил уште некој филм и стекнал поголема светска слава Спилберг повторно се обидел да влезе во тимот кој го снима филмот за Бонд, но тогаш тие неможеле да си го дозволат.

Social Media Auto Publish Powered By : XYZScripts.com