HomeФЕР ПЛЕЈАвтомобилизамСпектакуларен финиш на трката во Австрија!

Спектакуларен финиш на трката во Австрија!

Долго чекавме на ваков финиш во една трка на Формула 1, а денес тоа го режираа клупските другоари, еден против друг. Денес во шампионатот Формула 1 се одржа трката за големата награда во Австрија, која долго ќе се памети по драматичниот финиш и големата борба на двајцата возачи на Мерцедес.

Триумфираше актуелниот шампион Луис Хамилтон, кој во последниот круг го претрка лидерот во генералниот пласман Ник Розберг, но после контактот Розберг заврши на четвртата позиција. Оштетувањето на неговиот болид го искористија Марк Верштапен и Кими Раиконен, кои го заземаа второто, односно третото место.

Секако, околу овој инцидент коментари допрва се очекуваат, но на крајот Хамилтон беше пресреќен. „Каква чудесна трка! Сакам да возам овде, оваа стаза е одлична“, изјави Хамилтон после победата, а според последните информации Ник Розберг е под истрага поради последниот круг.

Во прилог погледнете го моментот кога Хамилтон го поминува Розберг во последниот круг.

Social Media Auto Publish Powered By : XYZScripts.com