HomeДЕНЕШНАПолитикаСпасовски не може да ги вработи полицајците додека се распишани изборите

Спасовски не може да ги вработи полицајците додека се распишани изборите

Техничкиот министер за внатрешни работи Оливер Спасовски на кандидатите кои поминаа обука за полицајци им посочи дека нема пречки за нивно вработување од никакви политички причини, но тој нема овластување да ги вработи се додека се распишани изборите што е законска пречка. Денес кандидатите излегоа на протест пред седиштето на МВР, а потоа нивни претставници беа примени од Спасовски кој ги сослуша нивните барања.

policija

„Имавме состојба на распишани, се уште имаме состојба на распишани избори кога ниту еден од министрите не смее да прави нови вработувања, да имаме нови вработувања. Тоа им го објаснив и на нив, за тоа се договоривме. Тие беа 434 во оваа класа, јас бев тој којшто побарав од Министерството за финансии да бидат вработени и тие 34 лица коишто ја поминаа обуката за полицајци заради тоа што, навистина, имаме потреба од полицајци. Немаме одобрување и за жал, и ќе бидат примени само овие 400 коишто врз основа на огласот тоа право го имаат“, вели Спасовски.

Од ВМРО-ДПМНЕ го обвинија дека кандидатите за полицајци ги држи како заложници бидејќи нивните договори се изготвени две недели пред распишувањето на изборите, а од СДСМ вратија дека повеќе не постои МВРО-ВМРО.

Ако се случи да наредните денови се одложат изборите, немаме состојба во којашто ќе имаме правна пречка или ќе правиме злоупотреба со новите вработувања, ќе треба да се повикаат и ќе се повикаат сигурно сите овие 400 кандидати за полицајци и ќе започнат приправнички стаж во Министерството за внатрешни работи, изјави Спасовски по средбата.

Social Media Auto Publish Powered By : XYZScripts.com