HomeДЕНЕШНАСветСо солзавец растерана геј парадата во Истанбул, приведени германски пратеници

Со солзавец растерана геј парадата во Истанбул, приведени германски пратеници

Турската полиција приведе 19 лица и употреби солзавец во центарот на Истанбул за да ги растера неколкуте десетици активисти кои се обидоа да ја одбележат годинешната седмица на Поворката на гордоста, откако властите претходно ја забранија од безбедносни причини по заканите на екстремните десничарски и националистички движења. Помеѓу уапсените се и двајца германски пратеници.

Организаторите ја откажаа годинешната Парада на гордоста, којашто од 2003 година се одржува без инциденти во мирна атмосфера и со околу 100.000 учесници е најголемата таква манифестација во муслиманскиот свет, откако властите не го одобрија нејзиното одржување и испратија силни специјални полициски единици во близина на централниот истанбулски плоштад Таксим.

Меѓу оние кои беа накусо приведени во неделата е и пратеничката од германскиот Бундестаг, Тери Рејнтке и пратеникот Волкер Бек, активистички ветеран за правата на хомосексуалците. Покрај нив, приведени се уште двајца германски државјани.

Властите на Истанбул минатата седмица соопштија дека поворката е забранета поради загриженоста за јавниот ред и за безбедноста. Безбедносните услови во мегалополисот и она веќе се заострени по низата бомбашки напади последните месеци за коишто одговорноста ја преземаа џихадистичката Исламска држава и курдските герилци.

Екстремните десни групи, како Големата унија (BBP) и Здружението на младите муслимани од Анадолија, исто така, изминатите денови упатуваа закани за учесниците на годинешната парада која требаше да се одржи во рамките на манифестацијата Недела на гордоста од 20-ти до 26-ти јуни со главната поворка на главната истанбулска авенија Истикал, во близина на историскиот централен плоштад Таксим.

Иако хомосексуалноста не е злосторство во Турција, за разлика од многу други муслимански земји, активистите велат дека хомофобијата е широко распространета. Според нив, претседателот Реџеп Тајип Ердоган и неговата исламско-конзервативна Партија на правото и правдата (АКР) покажува малку интерес за заштита и јакнење на првата на малцинствата, хомосексуалците и жените и не толерираат поинакво мислење.

Social Media Auto Publish Powered By : XYZScripts.com