HomeДЕНЕШНАРепубликаСолзавец и протести на македонско грчката граница, мигрантите насилно се обидуваат да влезат во Македонија

Солзавец и протести на македонско грчката граница, мигрантите насилно се обидуваат да влезат во Македонија

Утринава имало обид за нелегално влегување на мигранти кои се наоѓаат од грчката страна во Македонија при што македонската полиција употребила солзавец за да го спречи обидот, на границата се уште е тензично.

Претходно агенцијата Ројтерс повикувајќи се на изјава на очевидец јави дека македонската полиција денеска употребила солзавец за да ги натера стотиците мигранти да се повлечат од граничната ограда. Солзавецот бил насочен кон групата од повеќе од 500 луѓе кои се наоѓаат во кампот Идомени. Извор од грчката полиција за Ројтерс рекол дека во областа имало тензии.

Social Media Auto Publish Powered By : XYZScripts.com