HomeДЕНЕШНАРепубликаСо парите за Битфест ќе се чистат фасадите од Шарената револуција

Со парите за Битфест ќе се чистат фасадите од Шарената револуција

Советничка од ВМРО-ДПМНЕ и член на Комисијата за финансии и буџет, Соња Карапашоска, при неодамнешната расправа во Советот на Општина Битола рече дека парите наменети за битолското културно лето „Битфест“, кое летово не започна ќе бидат пренаменети за санација на обоените фасади и споменици од Шарената револуција, објави Слободна Европа.

Битолското културно лето година воопшто не започна, откако битолскиот градоначаник Владимир Талески заврши во куќен притвор. Советниците во Општина Битола прашаа каде ќе завршаат парите наменети на Битфест.

-Во ставките на буџетот на општина Битола стојат и суми кои се однесуваат на битолско културно лето. Сведоци сме дека оваа година нема настани во битолското културно лето, а сумите испланирани за таа програма се издвоени. Ова покажува дека имаме изместени услови за исполнување на она што било испланирано согласно поставувањето на буџетот кога биле планирани овие средства, рече Наташа Петровска, советник од СДСМ.

Social Media Auto Publish Powered By : XYZScripts.com