HomeДЕНЕШНАПолитикаСо надгласување импичментот за Иванов е неоснован

Со надгласување импичментот за Иванов е неоснован

Пратениците на владејачката партија ВМРО-ДПМНЕ кои се дел од Комисијата за оценување на основаноста на Предлогот за покренување постапка за утврдување одговорност на Претседателот гласаа дека извештајот е неоснован со шест гласа за, а против беа претставниците на СДСМ и ДУИ.

Рената Тренеска Дескоска од СДСМ посочи дека претседателот Иванов не доставил писмено изјаснување за наодите од предлогот за покренување постапка за утврдување на негова одговорност. Додаде дека тој, како и секој граѓанин, може да го користи правото да не даде исказ, но потенцира дека за разлика од кривичната постапка во која молчењето не се користи против лицето, во постaпката за импичмент важи спротивното правило, односно дека треба да биде транспарентен и да ги даде потребните одговори и појаснување.

Од ДУИ и СДСМ и понатаму бараат политичка одговорност од претседателот Иванов. Следен чекор е иницијативата за импичмент да биде разгледана на собраниска седница закажана за 13 јуни, но без потребното мнозинство предлогот на опозицијата најверојатно ќе биде надгласан и токму овој принцип на одлучување не дозволува вистинско оценување на актите на претседателот вон уставните рамки, обвинија од опозицијата.

Social Media Auto Publish Powered By : XYZScripts.com