HomeАНТИСТРЕСГурманСочно и вкусно – Ќофтиња во сос од домати и праски

Сочно и вкусно – Ќофтиња во сос од домати и праски


Необичен спој на вкусови за кој ќе зажалите ако не пробате. Комбинирајте со шпагети или, едноставно, уживајте само во вкусот на ќофтињата.

Потребни состојки:
(за ќофтиња)
* 3-4 лажици лебни трошки Жито Лукс
* 500 гр. мелено месо
* 1/2 главица кромид ситно исецкана
* 1 јајце
* 1 чешне лук ситно исецкано
* Мешан сув зеленчук

(за сосот)
* 700 мл доматен сос или конзерви исечкани домати
* 2 праски од компот ситно исечкани
* Сол и оригано по вкус

Начин на подготовка:
Сите состојки потребни за ќофтињата измешајте ги во еден сад и оставете ја смесата во ладилник да одмори околу 1 час за сите вкусови да се соединат. Потоа формирајте мали округли ќофтиња и запржете ги на врело масло по 2-3 минути од двете страни. Ставете ги на кујнска хартија за да се впие вишокот на мрснотија.

Во меѓувреме започнете да го приготвувате сосот. Во загреано масло за јадење додадете ги ситно исечканите праски за да се запржат. После 2 минути додадете ги сечканите домати, солта и ориганото. Гответе на средна температура околу 20-тина минути. Доколку смесата ви е премногу густа, додадете малку водичка. Гответе уште 20 минути и додадете ги ќофтињата. Осигурајте се дека огнот не е на многу силно за да не се распаднат ќофтињата.

 

 

Social Media Auto Publish Powered By : XYZScripts.com