HomeРЕФЛЕКТОРФилмСофија Лорен доби награда за животно дело во Трансилванија

Софија Лорен доби награда за животно дело во Трансилванија

Филмската дива Софија Лорен беше ѕвезда на вечерта на Меѓународниот филмски фестивал во Трансилванија каде и беше врачена награда за животно дело. Признанието за нејзината севкупна работа Софија го прифати со силни емоции. „Ова е многу емотивно за мене. После толку години снимање филмови се уште не знам дали добро се снаоѓам пред камерите“, изјави популарната актерка.

Наградата на 15 издание на фестивалот во Трансилванија го освои филмот „Кучиња“ кој го режираше романецот Богдан Мирич, а кој неодамна беше прикажан на филмскиот фестивал во Кан. Околу 250 филмови беа прикажани на фестивалот во Клуж.

Social Media Auto Publish Powered By : XYZScripts.com