HomeГИГА БАЈТПЦСопственикот на KickassTorrents уапсен во Полска, сајтот затворен

Сопственикот на KickassTorrents уапсен во Полска, сајтот затворен

Еден од најпопуларните торент сајтови KickassTorrents е затворен, а неговиот сопственик е уапсен во средата во Полска. Артем Ваулин (30) од Украина е уапсен на барање на американските власти кои го обвинуваат за нанесување штета од 1 милијарда долари. САД сега бара негова екстрадиција.

Украинецот е осомничен за нарушување на авторските права и интелектуална сопственост, но и за перење пари. Повеќето домени на кои е хостиран торент сајтот сe недостапни. Се чини дека серверите се доброволнo исклучени, бидејќи нема информација дека се запленети во полициската акција, а и дел од резервните домени се во раце на KAT-тимот, вели TorrentFreak. Сепак информациите кои ги сподели Engadget покажуваат дека серверите се компромитирани.

Основачот на сајтот е уапсен со помош на Apple и Facebook. Социјалната мрежа со властите ја сподели IP адресата од која корисникот пристапуваше до Facebook страницата на КАТ. Apple ја сподели IP адресата од која корисникот пристапувал на iTunes, но и приватна имејл пошта која го поврзува г. Ваулин со KickassTorrents „Истакнуваме дека IP адресата 78.108.178.77 пристапи до Facebook профилот на KAT десетина пати во септември и октомври 2015 година. Истата IP-адреса е искористена за логирање на Coinbase профилот на г. Ваулин, 47 пати во период од 28 јануари 2014 до 13 ноември 2014-та“.

За г. Ваулин поголем проблем ќе биде сметката од 28 милиони долари на компанијата Criptoneat за која властите во САД тврдат дека е параван за „операциите“ на KickassTorrents.

„Ваулин е обвинет за оперирање со најпопуларниот илегален сајт за споделување и нелегална дистрибуција, чија вредност се проценува на 1 милијарда долари. За да ја избегне правдата г. Ваулин, имаше сервери во повеќе држави и го менуваше доменот, поради запленувања и тужби. Неговото апсење во Полска покажува дека сајбер-криминалците можат да се кријат, но не можат да избегаат од правдата“, вели Лесли Р. Калдвел, помошник јавен обвинител.

Иднината на Kickass Torrents засега е непозната. Властите имаат доволно податоци да започнат тужби и против корисниците, иако ова е речиси неверојатно. Сепак акција против дел од корисниците кои споделуваат најмногу пиратска содржина е можна. Оживувањето слично со она на Pirate Bay е можно, но со оглед на тоа дека е нарушена безбедноста на сајтот, а полицијата најверојатно сè уште ги надгледува серверите, пристапот пред затворање на безбедносните пропусти може да биде опасен.

Social Media Auto Publish Powered By : XYZScripts.com