HomeДЕНЕШНАРепубликаСообраќајната полиција ќе не снима – нови измени во законот

Сообраќајната полиција ќе не снима – нови измени во законот

Собранието денеска ги усвои предлог измените во Законот за полиција по скратена постапка со кои се уредуваат прашањата за примена на полициските овластувања на сообраќајната полиција, особено употребата на технички средства за видео снимање. Министерот за внатрешни работи Митко Чавков на седницата го образложи предлогот за измени во Законот, според кој како што се вели ќе се допрецизира и унапреди легитимното постапување на сообраќајната полицијата.

„Снимениот материјал треба да овозможи унапредување на степенот на основаност на преземените дејствија од страна на полициските службеници со цел легитимно и соодветно постапување при примената на полициските овластувања. Со видео записот ќе се спречи можноста од евентуални пречекорувања на овластувањата од страна на полициските службеници, односно ќе се овозможи оправданоста на полициските овластувања што секако е во функција на заштита на човековите права и слободи. Снимениот материјал е предвидено да се чува во полицијата шест месеци, а потоа се уништува, освен материјалот кој ќе се чува за кривична и прекршочна постапка“ – рече Чавков во Собранието.

Министерот за внатрешни вели дека службеникот ќе има обврска да го извести лицето за снимањето. Во истиот член, предвидено е и ревидирање на временскиот рок утврден за чување на снимениот материјал и тоа од постојните шест месеци на 45 дена.

Со членовите 3 и 4 од предложениот закон се предвидува законско овластување на министерот за внатрешни работи да донесе подзаконски пропис со кој ќе се пропишат типовите на технички средства кои ќе се употребуваат за аудио и видео снимање од страна на полицијата.

Social Media Auto Publish Powered By : XYZScripts.com