HomeДЕНЕШНАЦрна хроникаСообраќајка кај Кавадарци, пожарникари сечеа автомобил за да спасат бремена жена

Сообраќајка кај Кавадарци, пожарникари сечеа автомобил за да спасат бремена жена

Кавадаречки пожарникари утрово со ножици сечеа автомобил по сообраќајка, за да спасат бремена жена. Како што информираше Антоан Паракеов, началник на Службата за итна медицинска помош при Здравствен дом Кавадарци, кој бил на лице место, при директен судир на две возила, повредени биле двете сопатнички, пренесува Дневник.

Со две возила биле пренесени до општата болница во Кавадарци. Едната била потешко повредена а другата била бремена и во постабилна состојба, но повеќе се плашела за детето во утробата. Едното од возилата било од неготинското село Тимјаник. Патот бил влажен.

Според информацијата од Анита Стојковска, портпарол на СВР Велес, две лица се повредени во сообраќајка која се случила на патот Градско-Кавадарци утрово околу 07:30 часот. Кај месноста викана “Варниште”, случена е сообраќајна несреќа во која учествувале два патнички автомобила.

-Првичните информации се дека две лица се пренесени заради укажување лекарска помош. Увидот е во тек, сообраќајот во двата правци е во прекин, рече Стојковска.

Social Media Auto Publish Powered By : XYZScripts.com