HomeДЕНЕШНАЦрна хроникаСообраќајка во Гостиварско – минибус излета од пат, 14 лица повредени

Сообраќајка во Гостиварско – минибус излета од пат, 14 лица повредени

 

Сообраќајка во Гостиварско, 14 лица повредени, од кои 10 се деца, а 4 возрасни. Несреќата се случила околу 12 часот и 40 минути, каде што минибус марка „Форд турнео“ се превртел и излетал од патот. Сообраќајката се случила во близина на гостиварското село Падалиште, во непосредна близина на мостот, кажа портпаролот на СВР Тетово Марјан Јосифовски.

Јасифовски додаде и дека 10 годишно девојче е во коматозна состојаба и истот е пренесено на скопските клиники, а една повозрасна жена имала скршеници.

Возилото кое го управувал 47 годишен маж, од непознати причини излетало од коловозот и се превртело на покрив.
При тоа вкупно 14 лица задобиле различни видови телесни повреди. Едно 10-годишно девојче веднаш е префрлено на скопските клиники, додека другите 12 лица, од кои 9 деца на возраст до 10 години, возачот и три женски лица на возраст од 42 и 72 години, се згрижени во гостиварската болница, кажа Маријан Јосифоски

Инаку, во гостиварската општа болница повредените се задржани и се вршат потребните лекарски прегледи, по што ќе бидат задржани или пуштени на домашно лекување.

Social Media Auto Publish Powered By : XYZScripts.com