HomeФЕР ПЛЕЈРакометСонот за Рио заврши, Македонија го изгуби и вториот натпревар против Тунис

Сонот за Рио заврши, Македонија го изгуби и вториот натпревар против Тунис

Вчера кој гледал ракомет подобро да го сменил каналот. Катастрофална игра на Македонската ракометна репрезентација. Избраните играчи на Обрван загубија од Тунис со 32:26 и за жал не успеаа да ја остварат целта, да се пласираат на Олимписките игри. Македонија се покажа во најкатастрофално издание, одиграа далеку од своите можности и не успеаа да дојдат до толку посакуваниот историски успех, пласман на Олимпијада.

Полувремето заврши со ироничен резултат во полза на Тунис – 17:10. Голманите не одбранија речиси ништо, одбраната без жив ѕид, нападот тешко функционираше, а исто така и имаше доста технички грешки. Во второто полувреме покажавме надеж за добра завршница, но за жал резултатот на крајот беше 32:26, цели 6 голови плус за Тунис.

Македонската репрезентација имаше историска шанса да се пласира на Олимписките игри,но не ја искористи, можеби во идина новите генерации ќе не израдуваат и ќе отидат на Олимпијада.

Social Media Auto Publish Powered By : XYZScripts.com