HomeДЕНЕШНАСвет„Соларниот импулс 2“ конечно го заврши својот лет околу светот!

„Соларниот импулс 2“ конечно го заврши својот лет околу светот!

Првиот авион кој леташе користејќи сончева енергија „Соларниот импулс 2“ успеа да го помине својот пат околу целата планета. Слетувајќи во Абу Даби, од каде во март 2015 година ја започна оваа мисија на своето долго патување, конечно го заврши својот прв лет околу светот.

1

Поради жешкиот пустински воздух авионот на соларен погон доживувал бројни турбуленции, па пилотот Бертран Пикар морал да се бори со контролата да го задржи овој авион во воздух.

Solar-Impuls-2

Авионот на соларен погон има ширина на крилата иста како познатиот „боинга 747“ на кои носи 17.000 соларни ќелии. Патувањето околу светот било поделено во неколку етапи од кои најдолгата траела 23 дена без слетување. Исто така, авионот кој не користеше фосилни горива, успеал да прелета и два океани- Атлантски и Тихи океан.

Impuls-piloti

Пикар после слетувањето го истакна своето огромно задоволство изјавувајќи дека станув збор за исклучително емотивен момент на кој чекал долги 15 години.

Social Media Auto Publish Powered By : XYZScripts.com