HomeДЕНЕШНАСветСоларниот авион ја започна својата последна етапа во патот околу светот

Соларниот авион ја започна својата последна етапа во патот околу светот

Авионот на соларен погон „Соларни импулс 2“ ја започнал од Египет последната етапа на својот пат околу светот, што ќе биде прв пат некој авион да го помине целиот свет без гориво. „Соларни импулс 2“ рано утрово полетал од Каиро кон Абу Даби, својата конечна дестинација, а се очекува летот да трае меѓу 48 и 72 часа.

solaren implus 2

На патот околу светот кој овој авион го започна во март 2015 година токму од Абу Даби, го водеа швајцарските пилоти Бертран Пикар и Андре Боршберг. Проектот е започнат со цел во јавноста да се зголеми поддршката на технологијата а чиста енергија. „Летот околу светот ќе се заврши во Абу Даби, но тоа не е крај на проектот“, изјави Пикар неколку дена пред полетувањето.

„Соларни импулс 2“ лета без капка гориво, а неговите четири мотори работат исклучиво на погон на сончева енергија која собира повеќе од 17.000 соларни ќелии на крилните авиони. Соларната енергија се собира во текот на денот и ги полни батериите, за со помош на електрична енергија авионот да лета навечер.

Social Media Auto Publish Powered By : XYZScripts.com